Експертите препорачуваат одличен домашен, природен рецепт за лекување и превенција од затнати артерии.
Добар е и за регулирање на покачените масти во крвта и спречување на општ замор на телото. Спречување и лекување на инфекции и настинки, интензивно зајакнување на имунолошкиот систем. Го чисти црниот дроб и подобрува неговите ензими.
Овој природен лек ја спречува појавата на слободните радикали во организмот кои предизвикуваат најтешки болести и ред други состојби поврзани со болести на срцето и крвотокот.
Потребни состојки:
- 4 цели големи глави лук
- 4 лимони со кора
- мал корен од ѓумбир (3-4 см)
- 2 литри чиста вода
Подготовка:
Лимонот убаво измијте го и исечете го на парчиња. Доколку се работи за лимон кој не е органски или ако е испрскан, тогаш третирајте го со мешавина од оцет и вода. Излупете го лукот и додадете го во блендерот заедно со лимонот и ѓумбирот.
Од него, користете блендер за да направите еднолична маса. Измешаната смеса истурете ја во метален сад, полијте со два литра вода и загревајте сè додека мешате до точка на вриење. Непосредно пред да зоврие смесата, исклучете го шпоретот и оставете да се излади. Процедете во средно ситна цедалка и истурете во стаклени шишиња.
Овој медицински напиток се пие секој ден, по една чаша од 2 dl најмалку 2 часа пред јадење, односно на целосно празен стомак. Напитокот чувајте го во фрижидер.
Периодот на лекување трае 3 недели со дневно консумирање по една чаша, по што треба да направите пауза од една недела. Потоа можете повторно да продолжите со консумирање во истиот циклус.
Ако вкусот не ви одговара, можете да додадете мед. По 3 недели употреба, треба да почувствувате значителна регенерација на телото.
Покрај веќе споменатите придобивки, пијалокот е особено корисен за спречување на калцификација во телото, што предизвикува камења во органите и затнување на крвните садови.
Комбинацијата од лимон, вода и готвење го неутрализира мирисот на лук. Пред секое консумирање, протресете го шишето со овој домашен лек, така што остатоците од лимон и лук на дното ќе се измешаат со сокот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK