Два пожари за четири дена – Првиот пожар избувнал во четвртокот, а вториот во неделата, пред пладне. Штетата е во милиони…
Во провинцијата Долна Саксонија, на северот на Германија, во општината Дорпен, фарма за свињи изгоре двапати за само неколку дена. Според последните податоци изгореле 3.300 свињи, а штетата е милионска, пишува нордњуз.
Задниот дел на фармата првпат беше зафатен од пожарот во четвртокот, при што загинаа 800 животни.
Само три дена подоцна, во неделата нешто пред пладне, пожарникарите и полицијата морале повторно да излезат на повик откако случаен минувач забележал силен чад. Од сè уште неразјаснети причини се запали предниот, претходно недопрен дел од фармата. Ангажиран е голем контингент од околните противпожарни единици.
Во првиот пожар е направена штета од 1,5 милиони евра. Помеѓу двете згради, кои се поврзани со покрив, имаше систем за греење на дрва. Причините се уште се утврдуваат.
Според првите проценки, материјалната штета е најмалку 3,5 милиони евра.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK