Утврдено е законско решение според кое оризот треба да влезе во листата на производи кои ќе се чуваат како стокова резерва во земјата.
Владата на седница утврди законско решение според кое оризот ќе се чува како стокова резерва на земјата.
„Утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стоковите резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа“, соопшти Владата по седницата.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK