Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за лов на диви свињи од до 31.03.2023 година.
Со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај диви свињи МЗШВ одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година.
Во ловиштата на територија на Република Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на дивите свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена. А ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор. Застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK