Постојат здрави намирници со кои сепак треба да бидеме внимателни бидејќи можат да бидат опасни за нашето здравје.
Храната може да биде лек за нашето тело, но исто така може да биде и отров. Она што го внесуваме во телото има влијание на нашето здравје, како позитивно, така и негативно.
Исхраната е директно поврзана со нашето здравје, па затоа е многу важно што јадеме и пиеме бидејќи тоа влијае на нашиот организам.
Со кои намирници треба да внимаваме:
Брокула и зелка
Ако имате проблеми со штитната жлезда, избегнувајте ги овие две намирници.
Спанаќ и блитва
Овие две намирници треба да ги избегнуваат луѓето коишто имаат проблеми со камен на бубрезите и зголемено ниво на калциум.
Цимет
Циметот содржи кумарин кој им штети на бубрезите и на црниот дроб, а во поголеми количини може да го зголеми и ризикот од рак.
Сирење
Сирењето не само што содржи заситени масни киселини кои се лоши за срцето, туку и содржи многу сол.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK