Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

31.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

More
    домаАгро ВестиФранцуските фармери одат на масовни протести

    Француските фармери одат на масовни протести

    petel baner

    Француските фармери одат на масовни протести – Свое учество веќе најавија 900 земјоделци со трактори. Тие ќе протестираат поради намалувањето на бројот на пестициди кои им се достапни и, следствено, исчезнувањето на домашното земјоделство.

    Француските фармери најавија протести во Париз. На покана на Националната федерација на синдикати на фармери (FNSEA) во среда претпладне е планиран митинг. Тракторите и другите возила ќе одат од Порт де Версај, на југот на Париз, до Еспланадата на инвалидите, во близина на Националното собрание и Министерството за земјоделство.

    Свое учество веќе најавија 900 земјоделци со трактори. Тие ќе протестираат поради намалувањето на бројот на пестициди кои им се достапни и следствено на тоа, исчезнувањето на домашното земјоделство.

    FNSEA повикува на мобилизација, од 8 февруари во Париз и низ цела Франција до 20 февруари. Во нивното соопштение посочуваат дека иако суверенитетот на храната редовно се претставува како владин приоритет, итно е да се премине од реторика на акција.

    Спор заради неоникотиноидите

    Имено, на 23 јануари тамошната влада одлучи да се откаже од одобрувањето на неоникотиноидните инсектициди за одгледување шеќерна репка. Ова се случи по одлуката на Судот на правдата на Европската унија. Овие супстанции беа забранети уште во 2018 година поради нивната токсичност за пчелите, но досега беа одобрени за превентивна употреба на семето од шеќерна репка.

    Организацијата FNSEA наведува дека се соочуваат со регулаторни ограничувања од секаков вид што ги попречуваат иновативните проекти во сите земјоделски сектори. Посочуваат дека посевите се загрозени од болести и штетници. 

    agrounik

    Тие укажуваат и на обидите на дистрибутерите да ги распродадат домашните производи и масовно да прибегнуваат кон увоз на оние со пониски цени, без разлика дали доаѓаат од земји кои не ги почитуваат законите што им се наметнати и договорите за слободна трговија. Предупредуваат дека тоа ќе доведе до уништување на домашното производство и негово преселување во други земји.

    Велат дека е зафатено целото земјоделско производство во сите региони. Земјоделците беа деморализирани и побараа поддршка од сите граѓани за да се спаси земјоделството и порачаа:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Зачувајте го нашето земјоделство! Производство во Франција! Зачувајте го нашиот суверенитет на храна! Не увезувајте храна што не ја сакаме!“

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img