Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

31.8 C
Skopje
Saturday, July 20, 2024

More
    домаситеПриродни лекови против анемија

    Природни лекови против анемија

    petel baner

    Ако имате анемија, односно недостаток на железо во крвта, обидете се да се излекувате со неколку природни состојки кои ги наоѓаме во секојдневните намирници.

    Природните лекови само го забрзуваат процесот на создавање на железо во организмот.

    Ова се шестте најдобри природни лекови со помош на кои полесно ќе ја победите анемијата.

    Чај од коприва

    Една лажица листови од коприва прелијте ги со 2 децилитри зовриена вода и оставете да отстои пет минути. Чајот процедете го и пијте го додека е млак. Препорачаната доза изнесува три шолји дневно.

    Чај од четири билки

    Помешајте иста количина на листови од коприва, жалфија, мајчина душичка и нане. Лажицата од оваа мешавина прелијте ја со 2,5 децилитри студена вода, варете ги една минута, па оставете да отстои пет минути. Процедете, засладете со мед и додајте сок од лимон. Дневно треба да пиете најмалку две шолји или околу половина литар од овој чај.

    Чај од рен

    Во литар вода ставете 20 грама корен од рен и варете околу 20 минути. Оставете да отстои преку ноќ, процедете и пијте две шолји на ден, најдобро помеѓу оброци.

    Чај од орев

    Варете 20 грама свежи листови од орев 15 минути во литар вода, па процедете. Пијте една шолја дневно, пред ручек.

    Тинктура од лук

    agrounik

    Исчистете и измијте 300 грама лук, прелијте го со чист алкохол и оставете го да стои три недели. Три пати дневно пијте по 20 капки од напивката која сте ја додале во половина чаша млеко.

    Какао крем

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Добро изматете 250 грама какао, 250 грама кафеав шеќер, 250 грама путер, 2 лажици морска сол, 7 лажици јаболков оцет. Ставете во тегла и земајте три пати дневно по една лажица од кремот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img