Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКина успешно клонирала три „суперкрави“

    Кина успешно клонирала три „суперкрави“

    petel baner

    Научниците во Кина успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко.

    Научниците направиле 120 клон-ембриони од клетките на високопродуктивните „суперкрави“ крави и ги сместиле во сурогат-крава.

    Џин Јапинг, предводник на проектот, смета дека клонирањето „суперкрави“ е голем чекор и ѝ овозможува на Кина, „на економски изводлив начин“, да ги одгледува најдобрите раси.

    Otkup na kompiri

    – Само пет од 10.000 крави во Кина можат да произведат 100 тони млеко во својот живот, што ги прави вреден ресурс за размножување. Но понекогаш е тешко да се одреди точно за кое животно се работи, што го отежнува нивното одгледување. Намерата е за две до три години да се создаде стадо од повеќе од 1.000 суперкрави. За да се намали зависноста на Кина од увоз на крави, рече Џин.

    agrounik

    Северозападниот универзитет за земјоделска и шумарска наука и технологија клонирал крави од расата „Холштајн Фризијан“ што потекнуваат од Холандија. Тие крави можат да произведат 18 тони млеко годишно. Или 100 тони млеко во целиот нивен живот – што е 1,7 пати повеќе од количината млеко од просечната крава. Државниот кинески медиум „Нингшија“ пишува дека клонираните животни се родени оваа година.

    Кина увезува дури 70 отсто од млечните крави од странство. Во многу земји, вклучително и САД, земјоделците ги вкрстуваат расите од овие животни. Заради поповолни гени и особини, со крајна цел – поголемо производство на млеко или повисока отпорност на болести.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оваа далекуисточна земја постигна голем напредок во клонирањето животни последниве години. Во 2022 кинеска компанија го создаде првиот клониран арктички волк во светот. А во 2017 кинески научници соопштија дека произвеле клонирани говеда со зголемена отпорност на говедска туберкулоза.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img