Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиКако да одгледувате бибер дома

    Како да одгледувате бибер дома

    petel baner

    Бибер – најчестиот зачин во светот, а во комбинација со сол може да се најде на речиси секоја кујнска маса. Познат е по неговите здравствени придобивки како што се: зголемување на апсорпцијата на хранливи материи, подобрување на срцето и крвниот притисок, антиинфламаторно дејство, како и поттикнување на здрав раст на клетките. Убавината на црниот пипер е што не му треба големо количество плодови за да ги добие сите овие благотворни ефекти, а уште поубаво е што може да се одгледува како домашно растение.

    Црниот пипер потекнува од Јужна Индија, сака топла тропска клима и се одгледува како сорта повеќе од 2000 години. Во умерените клими, како што е нашата, црниот пипер може да биде одлично растение во домот.

    Otkup na kompiri

    Црниот пипер може да се најде во расадниците како тропска јужноазиска лоза која произведува синџири од мали тркалезни плодови. Во зависност од изборот на времето на берба и начинот на обработка, од исто растение може да се добијат сите четири видови бибер (црн, бел, зелен и црвен).

    Цвета во текот на летните месеци, а плодовите зреат следната година. На младите растенија им требаат 3-4 години за да процветаат, но дури и растенијата со скромна големина можат да произведат стотици зрна бибер.

    Плодови од бибер

    Плодовите од зелен и црвен бибер често се наоѓаат на растението во исто време. Црвениот плод е зрел плод. Ако сакате црн или зелен бибер, берете ги плодовите кога се зелени. Ако сакате бел или црвен, тогаш берете ги плодовите кога се црвени.

    Услови за одгледување

    Црниот пипер добро расте во кошница или саксија што има дополнителна потпора, бидејќи ова растение сака да се качува. Тоа може да биде стап или пергола, што ќе му овозможи на растението лесно да се искачува.

    Во својот роден хабитус, црниот пипер живее во делумна сенка и се качува на стеблата на дрвјата. Кога се одгледува како домашно растение, му треба умерена светлина во источниот или западниот дел. Како и другите тропски растенија, црниот пипер може да се одгледува на отворено во текот на летните месеци и да се носи во затворен простор пред зимата.

    Што се однесува до температурата, биберот најдобро расте на температури над 15 степени, а цвета и раѓа плод на температура над 20 степени.

    Цветање на биберот

    Цветовите почнуваат да растат на лисните јазли на новите листови. Малите бели цветови формираат висечки шилци, а потоа се формираат кружни зелени плодови во синџири, кои со текот на времето созреваат. Растот се забавува во зима, а растението ќе цвета и ќе вроди со плод во текот на целата година. Растение со големина од само 20 см може да произведе изобилство на бибер.

    Прихрана

    На црниот пипер му треба многу малку до умерено хранење со избалансирано ѓубриво. Постојат два начини на хранење. Прво, можете да користите течно ѓубриво што се дава на растението на секои две недели кога се наводнува. Второ, органското ѓубриво може да се користи во гранули и да се посипува на земја еднаш месечно. Секогаш кога ќе се полее, ќе се ослободи малку ѓубриво. Додека трае зимата, хранењето се прекинува, а повторно започнува на пролет кога температурите се повисоки и нивото на светлина е повисоко.

    agrounik

    Црни дамки на листот

    Ако забележите црни точки на задниот дел од листовите, не грижете се, тоа е сосема нормално. Тоа се мали кристални топчиња кои содржат шеќери наречени ексудати. Со текот на времето, овие топчиња стануваат црни. Затоа, не станува збор за напад на болести или инсекти. Не обидувајте се да ги отстраните, бидејќи тие се дел од нормалната физиологија на растението и само ќе го повредите растението.

    Болест на коренот

    Ако условите за растење се премногу ладни и влажни, може да се појави болест на коренот. Најдобар начин да се спречи овој проблем е растението да се одгледува во глинен сад и да се осигура дека дневната температура е над 21 степен, а ноќната не паѓа под 15 степени. Исто така, треба да се внимава да се остави почвата да се исуши помеѓу наводнувањето.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Штетници

    Црниот пипер го напаѓаат многу малку штетници. Можно е да се појави вошка, но само ако во близина има други заразени растенија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img