Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЧај за замастен црн дроб

    Чај за замастен црн дроб

    petel baner

    Замастен црн дроб е една од најчестите болести кои го зафаќаат овој витален орган и во наједноставна форма не претставуваат закана за неговите нормални функции. Сепак, тие можат да предизвикаат бројни компликации. Сите знаеме дека големите количини алкохол се штетни за црниот дроб. Впрочем, тоа го покажуваат и статистичките податоци, според кои замастен црн дроб се јавува кај 90% до 100% од луѓето кои уживаат во прекумерно количество алкохол. Сепак, можете сами да си направите чај за да се чувствувате подобро.

    Чај за замастен црн дроб

    Потребните состојки за чајната смеса се:

    Otkup na kompiri
    • 40 гр. кантарион
    • 40 гр. цикорија
    • 40 гр. листови од жалфија
    • 40 гр. листови од диви јагоди
    • 40 гр. листови од глуварче
    • 30 гр. листови од пелин
    • 80 гр. камилица
    • 2,5 dcl зовриена вода

    Измешајте ги исецканите суви билки и прелијте со зовриена вода 1 лажичка од смесата од чајот. Оставете покриено 15 минути и процедете. Пијте незасладен топол чај 3-4 пати на ден, пред јадење.

    Чај од корен од глуварче

    Коренот од глуварче е одличен за замастен црн дроб. Овој скромен плевел со диуретични својства го поттикнува производството на жолчката, а често се користи во борбата против замастен црн дроб, холестерол и цироза на црниот дроб.

    Природен лек за замастен црн дроб

    Еден многу корисен природен лек за замастен црн дроб е сувото грозје. Прво, изберете квалитетно суво грозје. Ќе го препознаете по тоа што зрната се збрчкани, не светат, не се премногу тврди, но не се ни премногу меки. Избегнувајте зрна што се видно оштетени. Најдобро би било да најдете зрна кои имаат и мало стебленце, тоа покажува дека е природен производ.

    Наутро, ставете половина чаша суво грозје во вода и оставете да отстои околу 15 минути. Потоа добро исплакнете ги под млаз вода. Измиените зрна ставете ги во шолја зовриена, но изладена вода. Оставете го сувото грозје да отстои во вода 24 часа.

    Следното утро, пред појадок, испијте малку течност и изедете малку суво грозје. Легнете во кревет околу 1 до 2 часа држејќи топла облога или шише со топла вода на десната страна од стомакот. Повторувајте ја оваа постапка еднаш неделно во текот на еден месец, двапати годишно. Овој метод на лекување се покажа како еден од најдобрите природни лекови за црниот дроб.

    agrounik

    Овошје за црниот дроб

    Сировото овошје и зеленчук се најмоќната храна за црниот дроб. Тие помагаат во чистење и обновување на црниот дроб.

    Забелешка:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето. Но, доколку имате здравствен проблем, првото нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не потпирајте се на алтернативна медицина без претходно стручно мислење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img