домаАгро ВестиТрансилванија домаќин на годинашниот Балкански вински натпревар

Трансилванија домаќин на годинашниот Балкански вински натпревар

Prokredit baner

Балканскиот вински натпревар The Balkans International Wine Competition, ќе се одржи од 1 до 3 јуни годинава во областа Бистрица – Насауд на северот на Романија, во срцето на мистериозната Трансилванија.

Доделувањето на наградата за најдобро вино на овој натпревар ќе се одржи во амбиент кој го одзема здивот – во замокот Телеки во Посмус, изграден во 1634 година.

Претходниот BIWC се одржа на грчкиот остров Саламин, а оваа година натпреварот продолжи со ротација низ балканските земји.

Семенарна хоризонтален банер

Целта на ротацијата е подобра интеграција на винариите од сите балкански земји. Ова според BIWC, ќе доведе до поголема видливост на балканските вина и во нивните матични земји и во Европа.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

-Многу сме возбудени поради фактот што дванаесеттиот BIWC ќе се одржи во мистериозната Трансилванија! Новото издание на натпреварот го организираме со многу оптимизам и енергија. А со цел да ги направиме вината од Балканот уште попрепознатливи и да ги позиционираме уште подобро на светската винска мапа. Веќе неколкупати ја посетив областа Бистрица-Насауд. Вљубена сум во живописниот амбиент, одличната гостопримливост и секако одличните вина – изјави Галина Нифору, извршна директорка на BIWCF.

Најдобрите вина на Балканот ќе ги избира жири од 25 судии. Меѓу кои годинава ќе бидат и петмина носители на титулите Мајстор на виното и Мајстор сомелиер.

Тигар лого гиф

Судиите доаѓаат од Јапонија, Швајцарија, Велика Британија, Франција и други земји во светот.

По презентацијата на резултатите од натпреварот, на 4 јуни ќе се одржи изложба на пристигнатите вина во регионалниот музеј Complexul Muzeal Bistrita-Nasaud.

Petel.mk

Како и секоја година, закажан е балканскиот вински фестивал. Ќе се одржи од 15-17 јуни под ведро небо во Софија пред Националната палата на културата.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img