Во Македонија ќе се воведе Систем за следење и контрола на тутунските производи Track&Trace.
Системот за следење и контрола на тутунските производи има за цел да обезбеди следење и контрола на тутунски производи во сите фази на нивното движење. Од производството, преку фазата на дистрибуција, до првото малопродажно место.
Овој систем, Track&Trace, за тутунски производи, во Европската Унија е регулиран со директива и регулативи коишто се задолжителни за примена во земјите членки на Европската Унија. Со коишто се имплементирани одредбите од Протоколот за елиминирање недозволена трговија со тутунски производи на Светската здравствена организација.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK