Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиСателитско снимање на земјоделските површини на секои 6 до 10 дена

    Сателитско снимање на земјоделските површини на секои 6 до 10 дена

    petel baner

    Во Македонија се создадени можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, односно мониторинг на земјоделските површини.

    Овој мониторинг годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ. А кај нас ќе почне на одредена пилот територија, ќе овозможи контроли преку сателитски снимки кои ќе покажат дали на некоја парцела се одгледува земјоделска култура, без притоа физички да се посети самото место.

    agrounik

    Станува збор за Сентинел сателитски снимки (нови сателитски снимки на секои 6 – 10 дена и нивна обработка). Ќе овозможат воспоставување прецизен систем на детекција на обработуваните површини. Дел од мониторингот на парцелите ќе биде и т.н. гео-тагирање на фотографии кое во севкупниот контролен систем ќе ги вклучи и земјоделците.

    Otkup na kompiri

    Овој вид контроли ќе овозможи целосен мониторинг на земјоделските површини, без посета на самото место, со користење т.н. Сентинел сателитски снимки преку кои се утврдува дали на површината се одгледува земјоделска култура.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од 2012 година во земјава се вршат контроли кај избран примерок, но со посета на самото место. Се користат и далечински методи преку сателистки снимки кои се прават еднаш до двапати годишно по зони во најпогодниот вегетативен период.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img