Мухалебија е традиционален ориентален кремаст деликатес кој ќе го подготвите за 10 минути и ќе уживате во неговиот богат вкус.
Мухалебија се подготвува брзо, во зависност од желбите на семејството, може да има различни вкусови – со кокос, ореви, лешници, бадеми, цимет, овошје…
Потребни состојки за подготовка на мухалебија:
1 л свежо млеко
30 г кокосово брашно
100 г путер
6 лажици пченичен гриз
250 г шеќер
1 ванилин шеќер
Во тенџере на оган растопете го путерот, додадете го гризот и мешајте околу 1 минута. Налејте го млекото и продолжете со мешање. Потоа додадете го ванилиниот шеќер и варете додека се згусне смесата.
Во добиената смеса додадете го кокосовото брашно, промешајте и варете уште 3-4 минути.
Десертот ставете го во десертни чаши и почекајте да се излади. По желба украсете со кокосово брашно, мелени ореви, цимет или сезонско овошје по вкус.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK