домаАгро ЗабаваСупа од Вргањ

Супа од Вргањ

Prokredit baner

Супа од Вргањ – Печурките се навистина потценета состојка во нашата кујна и освен на пица и овде-онде во некој сос, повеќето од нас ретко ги користат.

Зошто да не користите вргањ за да направите вкусна, полна и хранлива густа супа?

Семенарна хоризонтален банер

Кога подготвувате вргањ, најважно е да го направите така што да биде ѕвезда на јадењето.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Супата од вргањ ќе ви го донесе чистиот и неизвалкан вкус на оваа одлична печурка.

Тигар лого гиф

Потребно:

  • 30 гр сушен вргањ
  • 3 супени лажици маслиново масло
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 мали лажици рузмарин
  • 1 мала лажица мајчина душица
  • 2 чешниња лук
  • 120 гр вргањ
  • целер
  • 400 гр домати
  • 750 мл супа од зеленчук
  • сол
  • свежо мелен пипер
  • половина чиабата

Подготовка:

Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Избришете ги свежите печурки и исечете ги на мали парчиња. Целерот ситно исечкајте го. Искинете ја чиабатата (по можност стара) на парчиња.

Сувите печурки во прав прелијте ги со 3 dcl зовриена вода и оставете ги да отстојат 30 минути. Исцедете ги, но зачувајте ја течноста. Исечкајте поголеми печурки. Загрејте го маслото во тава и пропржете го кромидот. Покријте и оставете да се пржи околу 10 минути.

Petel.mk

Додадете ги рузмаринот, мајчината душица, лукот, свежите печурки и целерот и продолжете со динстање, непокриено, додека целерот не омекне. Додадете домати, суви печурки и густин. Процедете ја течноста од печурките преку газа во тенџерето. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината и оставете полека да се вари околу 45 минути. Додадете сол и бибер по вкус, па додадете го лебот. Тргнете го од оган и оставете го малку да одмори. Пред сервирање, додајте во супата малку маслиново масло.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img