Знаеме дека за добро здравје треба редовно да се консумира доволно овошје. Но, што ако вашето омилено овошје не е на понуда во моментов, па мора да посегнете по замрзнатото?
Дали замрзнатото овошје е полно со витамини и здраво како свежото?
Одговорот е да! Повеќето замрзнати плодови се целосно здрави и ги зачувуваат витамините и минералите содржани во свежите растенија.
Некои истражувања покажаа дека овошјето кое е замрзнато понекогаш може да има повеќе витамини отколку свежото. Ова важи, на пример, за замрзнатите боровинки кои имаат повеќе витамин Ц.
Токму затоа што се замрзнува со посебни методи, многу брзо по берењето задржува повеќе витамини, минерали, антиоксиданси и други хранливи материи отколку некое свежо овошје кое останува неколку дена откако ќе го береме.
Најважно е што и овошјето кое е замрзнато ја зачувува и ја зајакнува отпорноста на организмот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK