Сите понекогаш се среќаваме со овој проблем. Во овој текст ќе споделиме неколку рецепти за помош при запек и мрзливи црева.
Можете да користите ленено семе за лекување на запек
Земете полна лажица ленено семе и изматете го во сад, а потоа прелијте го со 200 гр чај од камилица и испијте го одеднаш. Повторете го ова 2-3 пати на ден. Оваа слуз не е штетна и не создава навика, па луѓето кои страдаат од запек и мрзливи црева можат да ја користат неколку пати на ден.
Суви сливи и суви смокви
Против тврда столица земете половина килограм суви сливи и половина килограм суви смокви. Сварете ги во 3 литри вода која треба да изврие до 2,5 литри. Испијте 1 dl од течноста, пред и после јадење, а со неа земете и една лажица претходно сварено овошје. Покрај ова, јадете што повеќе варен зеленчук и јачмен, а потоа што е можно повеќе свежи сливи и јаболка. Добро е да се јаде и зелка, црвен кромид и блитва.
Чај од сена
Одлично средство против запек, но треба да бидете внимателни кога го користите бидејќи е многу силно средство кое треба да се користи само за акутен запек. Брзо доведува до исцедок, но не треба често да се користи.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK