Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиКои две култури може да се одгледуваат на иста нива?

    Кои две култури може да се одгледуваат на иста нива?

    petel baner

    Со цел да се постигне поголем принос, да се исчисти нивата од плевел, да се сочува почвата од ерозија, добро е да се одгледува две култури на иста нива.

    За ова е потребен поголем физички напор, но резултатот е соодветен на вложената работа, а тоа е поголем приход.

    Одгледување комбинирани култури

    Комбинирањето на земјоделските култури подразбира одгледување на две култури на една нива. Ова е еден од добрите алтернативни начини за заштита и зачувување на природните ресурси.

    Otkup na kompiri

    Иако притоа се разликуваат главната и секундарната култура, треба да се нагласи дека родот и квалитетот и на двете култури се важни. Од таа причина, ниту една култура не смее да страда или поради некоја причина да заостанува во растот и развојот. Па затоа комбинацијата за одгледување мора внимателно да се избере.

    Постојат неколку комбинации на заедничко одгледување на две култури, а во пракса најпознати се следниве:

    -пролетен јачмен и црвена детелина,
    -пченка и соја,
    -домат и спанаќ
    -пченка и тикви,
    -пченка и грав,
    -домат и ротквица,
    -морков и зелена салата.

    Предноста на одгледувањето на заеднички култури пред сè е поголемо производство на биомаса и принос и подобро искористување на расположливите ресурси. Помала штета од плевел, болести и штетници, подобра и поразновидна исхрана на луѓето и животните и посигурен приход.

    Придобивки од одгледување комбинирани култури

    Придобивката од одгледувањето мешунки заедно со зрнести култури е тоа што мешунките имаат поволно влијание врз структурата на почвата. Ја збогатуваат почвата со азот и со тоа ги намалуваат трошоците за оплодување.

    Главно се комбинираат култури со длабок коренов систем со растенија со плиток корен за едни на други да не си попречуваат во снабдувањето со храна и вода. Од друга страна, растенијата со длабок коренов систем ја штитат почвата од ерозија.

    agrounik

    Потоа се комбинираат култури со високото исправено стебло со култури кои имаат ниско стебло бидејќи имаат различна потреба за светлина и топлина.

    Една од најголемите придобивки од комбинираното одгледување е тоа што во голема мера се покрива површината од нивата. Што ја намалува можноста за создавање плевел бидејќи нема слободен простор за негов раст и развој.

    Растенијата главно имаат различни непријатели во однос на болестите и штетниците, со што се намалува можноста инфекција да премине од едно на друго растение.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога се започнува со комбинирано производство, треба да се внимава обработливите површини да бидат помали. Затоа што ќе биде потребен поголем физички напор поради намалената можност за работа со машини за нега на посевите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img