Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

More
    домаситеМускатно оревче: Го чисти црниот дроб и го намалува холестеролот

    Мускатно оревче: Го чисти црниот дроб и го намалува холестеролот

    Agrobot

    Самото мускатно оревче не е орев, туку семе со овална форма, опкружено со мрежеста лушпа – мацис.

    Најчесто се продава како мелен зачин, потребни се пет години за стеблото да процвета, а едно дрво дава околу 2.000 мускатни оревчиња годишно.

    Неговиот вкус е толку специфичен и моќен што бројни специјалитети не би биле исти ако во нив не се стави овој таен зачин. Освен што е вкусен, тој е одличен сојузник и во слабеењето. Бидејќи помага во варење на храната и го регулира апетитот.

    Има и други дејства по здравјето, пред се во намалувањето на лошиот холестерол и чистењето на црниот дроб.

    Нутриционистите тврдат дека мускатното оревче и неговите екстракти имаат антиоксидативни својства. Може да содржи флавоноиди, алкалоиди и миристицин, кој помага во неутрализацијата на слободните радикали во телото.

    petel baner

    Мускатното оревче е богато со минерали како бакар, калиум, калциум, манган, железо, цинк и магнезиум, значаен за работата на срцето. Овој зачин значително ги намалува липидите, односно лошиот холестерол.

    Во него има и витамини од Б комплекс, витамин Ц, фолна киселина, ниацин, витамин А. Затоа е одличен за подобрување на имунитетот, но и чистењето на црниот дроб.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сепак, нутриционистите особено предупредуваат на количината која смее да се внесе на ден. Преголемата количина може да има споредни и несакани ефекти. Се препорачува еден до два грама дневно.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img