домаАгро ВестиЦените на ѓубривата продолжуваат да паѓаат, но што е со побарувачката?

Цените на ѓубривата продолжуваат да паѓаат, но што е со побарувачката?

Prokredit baner

Цените на ѓубривата – Остриот пад на цените на природниот гас во Европа им овозможува на најголемите производители на ѓубрива да продолжат со производство по значително помали трошоци.

Продолжуваат да паѓаат цените на азотни ѓубрива во Европа и на светскиот пазар. Ова е резултат на континуираното поевтинување на гасот и слабата побарувачка на ѓубрива поради цените кои се уште се превисоки за земјоделците.

Семенарна хоризонтален банер

Поевтина уреа во Франција

Во германските увозни пристаништа цените на ѓубривата паднаа за 10 евра за калциум амониум нитрат, па чинеше нешто помалку од 390 евра/т. За скоро 30 евра поевтин беше растворот на амониум нитрат кој чинеше 420 евра/t. За уреа, тие останаа стабилни на речиси 510 евра/t, пренесува Agrarheute.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Надолен тренд се забележува и во Франција. Побарувачката за најважното ѓубриво за тамошните земјоделци, амониум нитрат, беше значително намалена, иако падна на 430 евра/t. Уреата е поевтина за 110 евра во однос на Германија. Во увозните пристаништа чинеше 400 евра/t.

Тигар лого гиф

Остриот пад на цените на природниот гас во Европа им овозможува на најголемите производители на ѓубрива да продолжат со производството по значително помали трошоци. Во исто време, производствените маржи се намалуваат.

Индија увезува од Русија

Цените на амонијакот паѓаат на светскиот пазар, а цените на уреата се речиси непроменети. На фјучерс пазарот во САД уреата за испорака во март изнесува нешто помалку од 303,72 евра/т, а не се повисоки ниту за следните месеци. Клиентите го чекаат последниот момент на аплицирање и натамошен пад на цените.

Petel.mk

На другата страна на светот, Индија се снабдува со евтино руско ѓубриво. Извозот од Русија во Европа е во застој. Водечкиот светски производител на земјоделски производи, Бразил, има големи залихи кои ја намалија побарувачката.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img