Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаситеМожат ли чајот и кафето да ја заменат водата?

    Можат ли чајот и кафето да ја заменат водата?

    petel baner

    Чајот и кафето како замена за вода? Хидратацијата на организмот е многу важна за општото здравје на поединецот и подразбира внесување на доволно количество течност за правилно функционирање на организмот.

    Таа доволна количина течност, како што препорачуваат лекарите, најдобро се компензира со внесување вода. Сепак, многу луѓе се прашуваат дали чајот и кафето, пијалоци чија главна состојка е вода, може да имплицираат „доволно внесување течности“.

    Otkup na kompiri

    „Поради кофеинот, кафето е природен диуретик и стимуланс на мочниот меур. Чајот има слично дејство“, вели урологот д-р Ванита Сима-Чанг. Таа истакна и дека кафето и чајот не го дехидрираат организмот, секако доколку се користат во умерени количини.

    Дали кафето може да ја замени водата?

    „Бидејќи делува како диуретик, јас би го сметала кафето за половина од течноста што всушност е. На пример, една шолја кафе се брои како половина шолја вода“, вели д-р Кетрин Волдроп за Mind Body Green.

    Дали чајот може да ја замени водата?

    Повеќето чаеви содржат кофеин, но ова ниво на кофеин е многу пониско отколку во кафето. Според тоа, д-р Кетрин Волдроп ги изедначува повеќето чаеви со кофеин со три четвртини од вода. Меѓутоа, ситуацијата е малку поинаква со билните чаеви. Според неа, една шолја чај е еквивалентна на една шолја вода.

    agrounik

    На крајот, лекарите сепак ја препорачуваат водата како примарна течност за хидратација на организмот, а за сите други течности велат дека се само пропратни и дополнителни материи.

    Какво влијание имаат чајот и кафето на кожата?

    И чајот и кафето се полни со антиоксиданси и ги штитат телесните клетки од слободните радикали. Додека чајот содржи катехини, кафето е богато со фолни киселини. Катехините се моќни антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, го намалуваат воспалението и се борат против слободните радикали.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Слободните радикали се причина за предвремено стареење на кожата. Ова е причината зошто зелениот чај се препорачува за младешка, блескава кожа.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img