Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиJајцата во ЕУ за една година поскапени за 30 проценти

    Jајцата во ЕУ за една година поскапени за 30 проценти

    petel baner

    Во јануари годинава цените на јајцата во Европската унија биле во просек за 30 проценти повисоки во споредба со јануари 2022 година.

    Најголема годишна инфлација на цената на јајцата меѓу ЕУ земјите има во Чешка + 85 проценти. Унгарија + 80 отсто и Словачка од +79 проценти. Најмало, но сепак значително поскапување има во Германија и Луксембург по 18 проценти и Австрија +19 отсто.

    agrounik

    Иако според различна методологија, кај нас, според Евростат, цената на јајцата во јануари 2023 година е зголемена за 26,7 проценти. Во земјите од регионот јајцата во јануари 2023 најмногу поскапеле во Црна Гора 60 проценти. За 39 отсто во Албанија и 31,2 во Србија.

    Otkup na kompiri

    Според Земјоделско пазарниот информативен систем на Министерството за земјоделство, раст од 29,1 процент има кај најбараниот тип јајца од класа А. Со големина Л од 6,15 денари просечна цена во 2021 година, на 7,94 денари просечна цена во 2022 година. Додека кај М големината има раст од скоро 45 отсто. И на пазарот во 2022 година се нуделе по цена од 7,42 отсто. Драстичен пораст на цените на јајцата има кај С големина од речиси 93 отсто. На кои просечната цена од 2,9 денари во 2021 година, пораснала на 5,59 денари во 2022 година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Значителен раст на цените на храната во 2022 има на сите основните продукти. Според податоците на Евростат просечната цена на земјоделските производи на ниво на ЕУ меѓу 2021 и 2022 година е 24 проценти. Најголем раст има кај житарките + 45 проценти, јајцата +43 отсто и млекото +31 процент.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img