Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеХрана богата со витамин Д

    Храна богата со витамин Д

    petel baner

    Доколку консумирате храна која е богата со витамин Д го чувате здравјето на вашето срце. Витаминот Д е потребен за здрави и силни коски бидејќи му помага на организмот да го апсорбира калциумот од храната и суплементите.  

    Иако витаминот Д се апсорбира од сончевата светлина, сепак не се препорачува да се изложувате на сонце во долги интервали. Затоа е неопходно луѓето да се справите на друг начин, а еден од нив е храна богата со витамин Д.

    Суплементите се изборот на повеќето луѓе, но најздравиот начин за внесување на витамин Д е храна богата со истиот.

    Otkup na kompiri

    Во продолжение прочитајте која храна е богата со витамин Д:

    Туна

    Секој знае дека се препорачува консумирање на туна, а сега постои уште една причина што го потврдува тоа. Туната во конзерва содржи витамин Д. Како што е познато, можете да ја комбинирате со тестенини. Да ја подготвувате со зеленчук како салата или дури може да го збогатите било кое друго интересно главно јадење.

    Јајца

    Не треба да се претерува со консумирање на јајцата поради холестерол. Но нивната умерена употреба во исхраната носи со себе бројни придобивки. Некои луѓе јадат само белки. Но со тоа ја пропуштаат можноста да ги внесат цинкот, селенот и витаминот Д кои се наоѓаат во жолчките. Имајте го ова на ум кога ќе го подготвите омлетот следниот пат.

    agrounik
    Сардини

    Уште една риба во конзерва која е достапна и здрава. Сардините се богати со протеини, омега-3 масни киселини, калциум и гореспоменатиот витамин Д. И тие се одлични кога се комбинираат со многу јадења, како и со туната, а можат да бидат посебна состојка во чорба со риба.

    Печурки

    Интересно е дека не сите печурки се богати со витамин Д, туку само оние кои биле третирани со голема доза на УВ светлина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сигурно, нема да погрешите доколку внесете било кој вид на печурки во вашата исхрана, но проверете ја декларацијата за да знаете кој тип е побогат со овој витамин.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img