домаАгро ВестиДоговорот за извоз на жито е продолжен за 60 дена

Договорот за извоз на жито е продолжен за 60 дена

Prokredit baner

Договорот за извоз на жито од украинските црноморски пристаништа е продолжен за 60 дена, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Груско.

Тој рече дека е потврдено дека договорот е дел од пакетот и дека условот е да се исполнат сите ветувања дадени на руската страна, пренесува РИА Новости.

Семенарна хоризонтален банер

Според Грушко, Руската Федерација ќе продолжи да бара отстранување на сите пречки за испорака на земјоделски производи на светските пазари.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Договорот потпишан на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива од три пристаништа на Црното Море, вклучително и Одеса.

Тигар лого гиф

Заедничкиот координативен центар во Истанбул е одговорен за координација на движењето на бродовите.

Договорот истекуваше на 18 ноември минатата година, но неговите услови вклучуваа автоматско продолжување на 120 дена доколку нема забелешки од ниту една страна.

Самиот договор за жито е составен дел од пакетот, кој, меѓу другото, предвидува деблокирање на извозот на руска храна и ѓубрива.

Petel.mk

Москва истакнува дека овој услов не бил исполнет и покрај уверувањата на ОН.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img