Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Saturday, November 9, 2024

More
    домаАгро ВестиМЗШВ објави повик за организирање локални манифестации и саеми

    МЗШВ објави повик за организирање локални манифестации и саеми

    petel baner

    На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е објавен јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој, за организирање на локални манифестации и саеми.

    Овој повик е отворен 30 дена почнувајќи од денес и ќе трае до12 април. Има доволно време сите заинтересирани да ја подготват потребната документација и да аплицираат.

    На повикот можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институци, единици на локалната самоуправа, стопанските комори и задруги .

    Otkup na kompiri

    Предлогот се доставува во еден оригинален примерок, напишан на сопствен меморандум. Потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник може да аплицира само за едно барање. Не може да се појавува како основач или овластено лице во други предлози за учество.

    Прифатливи трошоци за поддршката се инвестиции за закуп на простор; изнајмување на штандови и/или бина. Изнајмување на аудио и видео опрема, озвучување и осветлување, маси, столици и штандови. Огласување во печатени и електронски медиуми. Набавка на промотивен материјал покани, постери, флаери, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, видео или аудио реклама.

    agrounik

    Максималниот износ по корисник изнесува 120.000 денари.

    Постапката за избор на корисници ја спроведува посебна комисија. Врз основа на евалуација за исполнување на пропишните критериуми.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Вкупната финансиска поддршка беше во износ од 5 милиони денари, а оваа година се дуплира вредноста и става на располагање 10 милиони денари. За сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img