Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР изврши исплата на 80,6 милиони денари кон 35 баратели.
Станува збор за директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. И директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.
Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка. Додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле.
„Со оваа исплата започнуваме со сеопфатна исплата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството предвидени за сточарското производство. Во следните денови ќе се реализираат исплатите и за одгледувачите на говеда, овци, кози, маторици, како и за земјоделските стопанства кои поседуваат пчелни семејства” – појаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK