Велигденските пости се во тек, па доколку постите засладете се со посни крофни кои се меки и ароматични.
Овие посни крофни се лесни за подготовка, а по вкус можете само да ги посипете со шеќер во прав или да ги комбинирате со некој мармалад.
Состојки:
200 мл млака вода
10 гр сув квасец
2 лажици шеќер
200 мл кисела вода
150 мл масло
600 гр брашно
1 лажичка сол
2 кесички ванилин шеќер
рендана кора од портокал
Подготовка:
Во сад ставете вода, квасец, шеќер и една лажица брашно. Се меша и се остава 10 минути да се активира квасецот. Потоа додадете кисела вода, масло, ванилин шеќер, рендана кора од портокал, половина од брашното и сол. Соединете, па додадете го преостанатото брашно и замесете тесто. Покријте и оставете на топло место да нарасне околу половина час. Потоа на набрашнета површина замесете го тестото кратко, а потоа со чаша или кружен калап извадете ги формите. Покријте ги со крпа и оставете ги уште 10 минути. Потоа спуштете ги крофните во врелото масло. Намалете ја температурата и пржете додека не добијат убава златна боја.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK