Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКакво значење има бојата на розите?

    Какво значење има бојата на розите?

    petel baner

    Розите се едни од најомилените цвеќиња кои се подаруваат на драгите личности.

    Розите се симбол на љубов и благодарност, прекрасно мирисаат, убаво изгледаат, а ги има во различни бои од кои секоја има своја порака.

    Илјада години наназад, розите ги инспирирале луѓето од нивните бои да го развијат скриениот јазик на симболични пораки.

    Otkup na kompiri

    Црвена

    Црвените рози се симбол на љубов и романтика, а означуваат убавина и совршенство. Букет од 12 црвени рози претставува идеален начин на одбраната личност да и ги покажете своите чувства. Симболизирајќи ја вистинската и силна љубов која е посилна и од трњата, црвената роза е позната и како роза на љубовта. Најубав поклон за св. Валентин или пак годишнина од бракот, црвената роза асоцира и на голема страст. Исто така, подарувањето црвени рози може да значи и признание за нечиј успех и почит спрема личноста.

    Бела

    Белата боја е боја на чистота, невиност и  понизност. Се поврзува со венчавки и брак кои означуваат нов почеток. Исто така, белата роза е симбол на верност и почитување.

    Испраќа порака на верност и покажува чисти намери, а букетот со бели рози често се купува како знак на поздрав и сеќавање на некого.

    Жолта

    Жолтите рози означуваат богатство, бујност и изобилство. Во викторијанското време биле симбол на љубомора, а денес означуваат пријателство. Силна, жолтата боја како сонце го буди чувството на топлина и среќа. Идеална е за покажување радост, приврзаност и пријателство.

    Розова

    Симболизира женственост, елеганција, отменост, префинетост, а често се поклонува како израз на восхитеност. Розовата роза покажува благодарност и среќа и има понежно значење отколку што е црвената боја.

    Розовата боја се појавува во повеќе нијанси, од посветли до темни.

    Портокалова

    agrounik

    Топлите, вибрирачки тонови на портокаловите рози симболизираат ентузијазам и сакање. Совршени се за покажување обожување и привлечност, со скриена порака за страст и возбудувања.

    Боја на праска

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нежната боја на праска покажува благодарност, признание и почит. Често се поклонува како израз на симпатија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img