Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ВестиУкраина со значително помала жетва на жито оваа година

    Украина со значително помала жетва на жито оваа година

    petel baner

    Жетвата на жито во Украина оваа година веројатно ќе биде за 16,6 отсто помала, бидејќи беше засеана помала површина поради руската инвазија.

    Приносите на жито се очекува да бидат помали поради повисоките трошоци, покажала проценката на украинското Министерство за земјоделство.

    Овогодинешниот род најверојатно ќе биде 44,3 милиони тони, во споредба со 53,1 милиони тони во 2022 година, информираат од Министерството.

    Овогодинешниот род најверојатно ќе биде 44,3 милиони тони, во споредба со 53,1 милиони тони во 2022 година, информираат од Министерството.

    Бројката за оваа година може да вклучува 16,6 милиони тони пченица, 21,7 милиони тони пченка и 4,8 милиони тони јачмен, соопшти Министерството.

    Во 2022 година Украина собра 20,5 милиони тони пченица, 25,6 милиони тони пченка и 5,6 милиони тони јачмен. Во 2021 година произведе рекордни 86 милиони тони жито.

    На обемот на земјоделските култури ќе влијае намалената засеана површина и предвидениот пад на просечните приноси. Поради зголемувањето на цената на клучните инпути“, соопштуваат од Министерството.

    Министерството проценува дека житните култури се засеани на површина од 10,2 милиони хектари. Што е за 1,4 милиони хектари помалку од 2022 година.

    Зимската пченица најверојатно е засеана на 4,17 милиони хектари, што би значело за 834 илјади помалку површина од 2022 година. Површината со пченка веројатно е намалена за 451 илјада хектари на 3,6 милиони хектари.

    Agrobot

    Бруто-производството на маслодајни култури годинава треба да се зголеми за 5,5 отсто, на 19,2 милиони тони. Поради поголемата сеидба за овие поисплатливи култури, според прогнозата на министерството.

    Родот на семки од сончоглед годинава треба да се зголеми за 3,6 отсто, на 11,5 милиони тони. Производството на семе од репка би можело да се зголеми за 2,7 отсто, на 3,8 милиони тони. Производството на соја за милион тони и соја за 14,7 отсто, на 3,9 милиони тони.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Украина е главен светски производител и извозник на житарки и маслодајни семиња. Но нејзиното производство и извоз нагло паднаа откако Русија окупираше дел од нејзината територија. Значајна пречка беше блокадата на клучните украински пристаништа на Црното Море до минатото лето. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img