Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

0.8 C
Skopje
Saturday, January 31, 2026

More
    домаситеПрироден лек од црвен кромид против кашлица

    Природен лек од црвен кромид против кашлица

    Prokredit baner

    Овој домашен природен лек од црвен кромид може да ви помогне да се ослободите од упорната кашлица и да го подобрите здравјето на белите дробови.

    Многу луѓе имаат различни проблеми со белите дробови, а најчестите се астма, бронхитис и различни облици на кашлица. Проблемите со белите дробови можат бидат предизвикани од разни инфекции, алергии и нормално со пушењето.

    Ви претставуваме природен лек против овие проблеми кој уште одамна го користеле нашите баби.

    bum.mk
    Потребни состојки:

    – половина килограм црвен кромид

    – половина килограм шеќер

    – 2 лимони

    – 1,5 литри вода

    – 7 големи лажици домашен мед

    Тигар лого гиф

    Шеќерот на умерен оган во тенџере полека загревајте го и мешајте додека не порумени, додадете го ситно исецканиот кромид, кратко пропржете и додадете ја водата. Смесата варете ја така што водата умерено ќе врие, се додека не испари 1/3 од водата. Потоа оставете ја смесата да се олади, додадете го сокот од исцедените лимони и медот и се добро измешајте. Оставете ја смесата да отстои, а потоа процедете ја од парчињата кромид и ставете ја во стаклено шише.

    Потребно е да консумирате 1 супена лажица од овој напиток пред секој оброк додека не ја потрошите целата количина. По потреба направете нова смеса и повторете ја постапката додека не ви се подобри состојбата.

    Petel.mk

    Напомена: При консумацијата на природни лекови задолжително консултирајте се со лекар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img