Комбинирањето на намирници е често со цел да се извлечат максимални придобивки од нив за човековиот организам. Една од тие популарни комбинации се ѓумбир и лук.
Здравствените придобивки од заедничкото консумирање ѓумбир и лук се многубројни:
- Лукот и ѓумбирот имаат хранливи материи кои го штитат срцето и можат да помогнат да се намалат некои фактори на ризик од срцеви заболувања.
- Заедно, овие две намирници содржат моќни антиинфламаторни растителни соединенија кои можат да помогнат во инхибирање на проинфламаторните протеини поврзани со хронично воспаление.
- Лукот содржи моќни соединенија како што е алицин, кој убива многу паразити, габи и вируси и диалил сулфид, додека моќните антивирусни и антибактериски својства на ѓумбирот помагаат во зајакнувањето на имунитетот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK