Речиси половина од медот што се увезува во ЕУ е лажен, односно содржи голема количина сируп, ова го покажала последната анализа на Европската комисија.
Според извештаите, медот произведен во Европската Унија не е доволен. Односно ЕУ не го задоволува сопствениот пазар и увезува околу 40% од трети земји. Ова доведе до тоа европските производители да се борат со зголемување на увозот по ниски цени, особено од Кина.
Анализата покажала дека 46% од 320 примероци увезен мед, земени по случаен избор во периодот од ноември 2021 до февруари 2022 година и анализирани, се „веројатно фалсификувани“, пренесува Euractiv.
Медот природно содржи шеќери и според правилата на ЕУ за ова прашање, тој мора да остане чист. Што значи дека не може да се додаваат никакви состојки во него.
Фалсификување настанува кога состојки како што се вода или евтини шеќерни сирупи вештачки се додаваат за да се зголеми волуменот на медот.
Ризикот по здравјето на луѓето се смета за низок, ваквите практики на измама на потрошувачите ги загрозуваат производителите на ЕУ. Тие се соочуваат со нелојална конкуренција од производи кои содржат нелегални, евтини состојки.
Најголем број сомнителни пратки потекнуваат од Кина (74%). Но медот со потекло од Турција има најголем релативен удел на сомнителни примероци (93%).
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK