Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеАвокадото го штити срцето и го намалува холестеролот

    Авокадото го штити срцето и го намалува холестеролот

    petel baner

    Авокадото нутриционистите го класифицираат како храна која претставува вистинска нутритивна бомба.

    Дали сте знаеле дека авокадото содржи повеќе од 20 витамини и  минерали и состојки кои ја блокираат апсорпцијата на холестеролот во телото?

    Покрај тоа, содржи и антиоксиданси, кои имаат улога во превенција на малигните болести и болестите на срцето.

    Otkup na kompiri

    Авокадото содржи повеќе од 20 витамини, минерали, вклучувајќи и витамин Е, витамин Ц, фолна киселина, влакна, железо, калиум, лутеин и бета-каротен. Покрај тоа, го поттикнува организмот и овозможува полесно да ги апсорбира витаминот А, Д, Е и К.

    Авокадото има ниска калориска вредност

    Авокадото има ниска калориска вредност и може да ви помогне во идејата да ја добиете посакуваната тежина. Направете намаз од авокадо и за почеток јадете го тоа наместо путер, мајонез и други калорични преливи и намази.

    Дополнително, авокадото содржи многу малку шеќери, а е богато со растителни влакна што ќе ве држат сити подолг период. Една студија покажала дека луѓето кои додале половина авокадо за ручек не биле заинтересирани за храна во наредните 4 часа.

    agrounik

    Мононезаситените или здравите масти, кои во големи количини ги има во авокадо, поволно делуваат на здравјето на срцето. Поточно го намалуваат ризикот од срцев удар и нивото на лошиот холестерол во крвта. 

    Американска студија опфатила 50 лица со прекумерна тежина кои биле поделени во две групи, од кои едната група јадела секој ден по едно авокадо на ден. Кај лицата кои го додале авокадото во секојдневната исхрана било забележано намалување на вредностите на лошиот холестерол и триглицеридите.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Како да знаете дека е зрело?

    Авокадото зрее откако ќе се обере. Бојата не мора секогаш да биде клучна во одбирањето зрело авокадо. Бидејќи има повеќе видови, па не значи дека авокадо со светлозелена боја е незрело. За да го забрзате зреењето најдобро е да го ставите на собна температура, до јаболко, киви или банани, кои помагаат да се забрза процесот на зреење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img