Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

3.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро советиНикогаш не чувајте компири и кромид заедно, еве зошто!

    Никогаш не чувајте компири и кромид заедно, еве зошто!

    petel baner

    Не чувајте компири и кромид заедно. Ако знаете кои видови храна може да се чуваат заедно, тогаш ќе го продолжите рокот на траење на вашата храна. Во принцип, не чувајте овошје или зеленчук чувствително на етилен со овошје или зеленчук што произведува многу гас, вели Џон Адлер од американската компанија за храна Blue Apron. 

    – Веројатно најдобар пример за тоа е чувањето кромид со јаболка, бидејќи ќе завршите со јаболка кои мирисаат на кромид. Или, друг подобар пример се компири и кромид. Складирањето на кромидот и компирот заедно ќе го забрза процесот на зреење на компирот, а со тоа и побрзо расипување или проникнување. Ова важи и за лукот и покрај тоа што компирот, кромидот и лукот треба да се стават заедно на ладно и темно место – објасни тој.

    Agrobot

    За пример ги издвои јаболката. Тие, вели, ослободуваат многу етилен, па не сакате да ги чувате во сад со друго овошје.

    – Обидете се да ги држите најмалку 15 до 20 сантиметри подалеку од друго овошје и зеленчук. Има еден исклучок од овие правила, а тоа е ако сакате некое овошје побрзо да созрее, како незрели банани, тогаш ставете ги јаболката блиску – откри тој.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Како јаболката и зрелите банани, дињите исто така произведуваат многу етилен.

    Овие две групи на храна не одат заедно

    Производителите на етилен се:

    • авокадо
    • јаболка
    • банани (зрели)
    • смокви
    • грозје
    • дињи
    • круши
    • праски и нектарини
    • пиперки
    • компир
    • домат

    Чувствителни на етилен се:

    • банани (незрели)
    • брокула
    • прокељ
    • зелка
    • морков
    • Карфиол
    • краставици
    • лиснат зеленчук
    • зелена салата
    • кромид
    • тиквички

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img