Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиНега на расад на пипер

    Нега на расад на пипер

    petel baner

    Нега на расад на пипер – Агро совет

    Пиперката спаѓа во групата на топлољубливи растенија.

    Otkup na kompiri

    За поникнување на семето од пипер потребна е минимална температура од 8 степени целзусови, при што семето ќе поникне за околу 60 денови. Затоа е потребно температурата на почвата во овој период да биде на оптимална, односно околу 18 степени (при што семето ќе поникне за околу 15 дена).

    Исто така и влагата во самата почва мора да е умерена, односно несмее да биде ниту преголема ниту премала.

    По поникнување на семето најдобро е во првите 10 до 15 денови температурата на воздухот во леата да се држи во еден опсег од 13 до 16 степени, а со цел во овој временски период да се намали развојот на лисната маса, а да се зголеми развојот на кореновиот систем.

    Понатаму по овој период најдобро е во однос на температурата на воздухот таа да се движи во границите од 18-до 25 степени при сончево време, а навечер да е околу 15 степени. Температури во границите од 18 до 20 степени се оптимални при облачно или дождливо време.

    За време на развој на растенијата во леата тие мораат да се редовно наводнуваат со употреба на помали количини на вода, односно влагата на почвата да биде умерена.

    Исто така потребно е растенијата во интервали (на секои) 7 до 10 денови да се хемиски заштитат со употреба на пестициди.

    agrounik

    Ова е сосема накратко засега од мене, а вие во колку сакате да добиете бесплатни совети за оваа или некоја друга тема од областа на земјоделието слободно пишете ми….

    Нега на расад на пипер

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    М-р Игор Ивановски ти благодариме.

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img