Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЕден од најстарите природни препарати за кашлица, пневмонија, срце, ишијас

    Еден од најстарите природни препарати за кашлица, пневмонија, срце, ишијас

    petel baner

    Постојат многу природни препарати кои можат да помогнат при различни здравствени состојби. Народната медицина, базирана на примената на даровите што ги дава природата, е присутна низ светот со векови.

    Бројни растенија и производи од животинско потекло преку исхрана и домашни лекови го подобруваат функционирањето на нашиот организам, ги ублажуваат симптомите на болестите и го зајакнуваат имунитетот. Секоја област на нашата планета има своја флора и фауна, а народите што ги населуваат ги користат сите нивни придобивки за подобрување на здравјето и лекувањето.

    Otkup na kompiri

    Како што имаме народни лекови карактеристични за нашата клима, така и Русија има препознатливи рецепти за природен третман, вклучувајќи ги и оние за зајакнување на ослабениот имунолошки систем.

    Затоа, ви претставуваме домашен рецепт кој со своите лековити својства успешно помага при многу болести.

    agrounik

    Состојки:

    • 500 мл млеко, користете само млеко со малку маснотии
    • 2 мали лажици кафеав шеќер
    • 10 чешниња лук, излупени и исечкани
    • 250 ml вода

    Подготовка:

    Во тенџере ставете ги млекото, водата и лукот, убаво измешајте ги и ставете ги на средна температура.

    Оставете го полека и варете додека половина од течноста не испари. Потоа процедете го и додадете кафеав шеќер. За најдобри резултати, пијте по една чаша додека е топло.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Забелешка:

    Овие природни препарати на нашиот портал се препораки од превентивен карактер за водење здрав начин на живот. Ако имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручно мислење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img