домаАгро ВестиБугарија ја „спушта рампата“ за украинското жито?

Бугарија ја „спушта рампата“ за украинското жито?

Pneumatik baner

Бугарија размислува да го забрани увозот на украинското жито, како што веќе направија Полска и Унгарија, и покрај силното противење од Брисел.

– Бугарските интереси мора да се заштитат, особено кога вака реагираат две заинтересирани земји. Ако не постапиме на сличен начин, акумулацијата на (проблематично) жито на бугарска територија може да стане уште поголема – рече Гечев.

Семенарна хоризонтален банер

Унгарија и Полска веќе го забранија увозот за да ги заштитат своите селани и трговци со земјоделски производи. Во Бугарија очекуваат да видат официјални извештаи од тие земји за правната основа за воведување забрани за увоз.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

После тоа, министерствата за земјоделство и економија „ќе комуницираат со претседателот, кој има директна одговорност во оваа ситуација“.

Оваа најава, како и забраните во соседните земји, уследија по бранот протести на земјоделците во Бугарија и Романија против увозот без царина и инаку поевтините украински житарки и храна.

Поради поплавата од евтино украинско жито, на само неколку месеци пред националните избори каде што се клучни „аграрните гласови“, Полска во саботата го забрани увозот на жито од Украина. Потоа истото го направи и Унгарија.

Тигар лого гиф

Конфликтот меѓу Русија и Украина го затвори главниот извозен пат на украинското жито преку Црното Море. Евтината храна ги преплави соседните земји: Унгарија, Полска, Романија и Словачка, но поради евтиното жито.

ЕУ ја осуди забраната од нејзините источни земји-членки.

– Трговската политика е исклучива одговорност на ЕУ (Брисел) и затоа не се прифатливи еднострани дејствија – се вели во соопштението.

petel baner

Некои други земји од ЕУ исто така се спротивставуваат на ограничувањата на увозот на украинско жито, се разбира од свои причини. Така, Шпанија и Холандија се меѓу најголемите увозници на украинско жито, кое се користи за сточарската индустрија. Тие се засегнати од одлуката на Варшава со која се забранува транзит на украински житарки во трети земји.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img