Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

More
    домаАгро советиХлороза: Што значи кога листовите ја менуваат бојата?

    Хлороза: Што значи кога листовите ја менуваат бојата?

    petel baner

    Хлороза – Промената на бојата на листовите е знак дека растението гладува. Нему му недостасуваат минерали кои активно учествуваат во процесите на раст и развој. Но, постојат и други причини…

    Често при одгледувањето на растенијата се среќаваме со појава на хлороза. Првите знаци на ова нарушување остануваат незабележани, а за што се работи сфаќаме дури кога ќе видиме дека листовите на растенијата се целосно бледи, светло зелени, жолти. Во зависност од причината, може да се забележи на млади, стари, долни листови или на дел од листот.

    Класичната хлороза е нарушување во исхраната на растенијата што го нарушува процесот на фотосинтеза и е резултат на недостаток на одредени минерали: азот, железо, магнезиум, цинк и други елементи. Може да биде последица на појава на болести и напади од штетници, но потоа се поврзува и со други знаци на болест или присуство на штетници.

    Недостаток од минерали

    Кога тоа е предизвикано од недостаток на минерали, се јавува бледило и пожолтување на листовите, тие можат да се деформираат, да се искриват, да престанат да растат и на крајот да паднат. Коренот се развива и расте побавно, како и растениетото во целина. Се јавува на сите видови зеленчук, овошје, билки, украсни и лековити растенија.

    Бидејќи нашите растенија растат претежно на кисела почва, се случуваат хлоротски промени предизвикани од недостаток на азот. Симптомите се забележуваат на долните листови и пожолтувањето го зафаќа централниот дел и се шири на целиот лист.

    Хлороза предизвикана од недостаток на железо ја среќаваат лозарите кои имаат варовнички тип на почва. Во овој тип на почва, може да има доволно железо, но тоа е недостапно за растенијата. Симптомите се видливи на горните листови. Целиот лист ја менува бојата, но жилите на листот секогаш остануваат зелени.

    Недостатокот на магнезиум може, покрај промената на бојата, да доведе до опаѓање на листовите. Друг проблем што го придружува ова нарушување е тоа што таквите растенија стануваат чувствителни на студ и лесно пропаѓаат кога е студено.

    agrounik

    Реагирајте, бидејќи растенијата гладуваат

    Чувствителни видови се: јагода, пиперка, домат, краставица, тиквички, јаболко, круша, малина, рози, петунии, лимон и други агруми, хортензија. Од житариците, овесот е најчувствителен.

    Се препорачува прихрана преку листовите со цел да се спречи или лекува хлорозата. Ова ќе им овозможи на растенијата брзо да го апсорбираат елементот што недостасува и тој побрзо ќе стигне до клетките на растителното ткиво. Додавањето додаток богат со супстанции што недостасуваат преку корените делува побавно.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Големи количини ѓубриво може да го предизвикаат овој феномен, како и набиената почва со слаба дренажа. За појавата придонесуваат и наглите температурни промени во текот на денот, како и водата богата со калциум.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img