Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиПочнува садењето на тутун

    Почнува садењето на тутун

    petel baner

    Садењето на тутунот од новата реколта започна, некои производители од прилепско-пелагонискиот регион веќе почнаа со садење, а поинтензивно ќе биде во текот на месец мај.

    Во новата реколта се очекува да се произведат околу 26 400 тони тутун.

    Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година.

    Otkup na kompiri

    -Некои тутунопроизводители од Пелагониско веќе почнаа со садењето на новата реколта тутун. Очекуваме со почетокот на мај садењето да биде поинтензивно на целата територија. Моментално тутуновиот расад е добар и се очекува временските услови да помогнат и навреме да се засади. Ако лани беа договорени под 26 000 тони, иако производната година беше околу 21 000 тони тутун. Годинава се договорени да се произведат околу 26 400 тони тутун. Можеби причината е што лани тутунарите добро поминаа: родот беше квалитетен, брзо се откупи и се постигна просечна цена од 290 денари за килограм. Сепак, останува да се види дали договореното ќе се исполни, изјави Стомнароски.

    agrounik

    Тутунарите и годинава ќе бараат зголемување на цената на тутунот зашто се поголеми трошоците за производство.

    -Очекуваме добра производна година, иако многу зависиме од временските услови. Очекуваме цените да се зголемат, да стигнеме до реални исплатливи цени за одржливот на тутунопроизводството. Само исплатливоста може да ги привлече помладите генерации да го садат тутунот за да не остане само повозрасните да се занимаваат со тутунопроизводството, смета Стомнароски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Деновиве на тутунарите им се исплаќаат субвенциите за ланската реколта. На околу 16 000 тутунари за ланскиот род им се префрлени 26 милиони евра на име субвенции. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img