Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиПравилно кроење на кивите

    Правилно кроење на кивите

    petel baner

    Во првите годиниод засадувањето, прваилното кроење на кивите е важно заради добивање цврста основа на растението што ќе раѓа плод.

    Важно е да се одгледува цврсто исправено стебло на кивите кое се разгранува на соодветна висина (обично околу 180-200 см).

    Потребната висина тешко се постигнува во една вегетација. Потребни се неколку години за растението доволно да порасне. На почетокот на првата вегетација, садницата се скратува на две-три пупки и се избира едно силно ластарче со прав раст, а сите останати се пинцираат.

    Otkup na kompiri

    Кога растението ќе ја достигне висината на арматурата, се обликуваат разгранувања со избирање на ластарите на соодветните места. Во зависност од формата на одгледување. На разгранувањата понатаму се одгледуваат нови гранки по принципот „рибни коски“, а се отстрануваат ластарите кои растат вертикално нагоре или надолу. Се оставаат само оние кои се насочени лево и десно од страната на главната гранка.

    agrounik

    Плодовите почнуваат да се раѓаат во третата или четвртата година по садењето. Младите ластари на гранките, кои ќе родат плод и следната година, кон крајот на јуни и почетокот на јули се скратуваат на еден метар. Ова го запира нивниот раст и пупките сместени во основата на ластарите подобро се формираат.

    Во пролет, пред почеток на вегетацијата, едногодишните изданоци повторно се скратуваат на 8-10 добро развиени пупки. Кога младите ластари ќе се развијат од родните пупки, повторно се скратуваат на 8-10 листови на крајот на јуни и почетокот на јули, сметајќи од последниот зафатен плод.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Постапката се повторува на родното место во следните две до три години или додека не дојде до намалување на родноста. Тогаш треба од адвентивните пупки да се одгледува нова фиданка за да го замени родниот јазол.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img