Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт за мед од глуварче

    Рецепт за мед од глуварче

    petel baner

    Мед од глуварче е природен лек за кашлица и имунитет по рецепт на нашите баби.

    Од корен до врв, глуварчето е лековито растение кое долго време се користи во народната медицина за лекување на разни болести.

    Од ова растение обично се подготвуваат чаеви, од листовите се подготвува салата, но од цветовите можете да направите исклучително здрав и вкусен мед или џем од глуварче.

    Otkup na kompiri

    Мед од глуварче најчесто се користи за лекување на респираторни инфекции, го зачувува здравјето на белите дробови, го зајакнува имунитетот и е одличен за детоксикација.

    Секое утро земајте по една лажичка мед од глуварче, ќе добиете одличен еликсир за здравјето на целиот организам.

    Рецепт за мед од глуварче

    Состојки:

    • 200 свежо набрани цветови од глуварче
    • 1 лимон
    • 1 портокал
    • 2 литри вода
    • 2 кг шеќер

    Подготовка:

    Важно е да се бере цвеќето во чиста и незагадена област, во природа и во рурална средина – каде што нема премногу автомобили, прашина, загадување. Соберете ги цвеќињата и целосно отстранете ги зелените лисја и стебла.

    Важно е да останат само цветовите, па убаво да се измијат во ладна вода. Цветовите се ставаат во тенџере, се прелеваат со 2 литри вода и се варат на силен оган. Кога ќе зоврие, треба да готвите уште 20 минути

    Покријте го тенџерето за време на готвењето. После тоа се цеди и се истура добиената течност во поголемо тенџере. Се додава шеќерот и се става да се готви на средна температура. Мешајте постојано додека не видите дека шеќерот се стопи и смесата се згусне.

    agrounik

    Измијте ги лимонот и портокалот, па исечкајте ги и додајте ги во медот. Важно е плодовите да се од органско потекло, бидејќи мора да ги ставите во медот со кората.

    Мешајте и варете додека медот не се згусне, па тргнете го од оган да се излади. Добиениот мед заедно со целото овошје истурете го во чисти тегли, покријте го и чувајте го на ладно и темно место.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доколку не консумирате шеќер, истиот ефект можете да го постигнете доколку наместо шеќер во подготовката на медот од глуварче користите ливадски мед.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img