Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаситеНеколку причини зошто треба да јадете млад кромид

    Неколку причини зошто треба да јадете млад кромид

    petel baner

    Младиот кромид има специфичен вкус и мирис, но исто така е многу здрав бидејќи изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси.

    Младиот кромид е вистинска ризница на минерали и витамини, одличен е за заштита на здравјето на целиот организам. Зелениот дел од овој моќен зеленчук е особено добар за здравјето.

    Постојат 5 причини зошто е добро редовно да се јаде млад кромид, а тоа се:

    Го штити срцето

    Младиот кромид е богат со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Покрај тоа, постојат индикации дека младиот кромид може да го регулира нивото на крвниот притисок, но и да го намали ризикот од згрутчување на крвта.

    Добар е за видот

    Штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на рожницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеин во очите, кој е одговорен за добриот вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневната потреба за витамин А.

    Ги зајакнува коските

    Витамините Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 проценти од препорачаната доза на витамин К и околу 2 проценти витамин Ц.

    Двата витамини се важни за густината и силата на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

    Agrobot
    Може да го регулира холестеролот и шеќерот во крвта

    Во овој случај, зелениот дел од кромидот е многу моќен. Истражувањата покажаа дека има корисен ефект врз нивото на холестерол и шеќер во крвта.

    Го подобрува квалитетот на кожата

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Младиот кромид му помага на телото да произведува колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми. Доколку сакате младешки изглед, младиот кромид нека биде редовен на вашата трпеза.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img