Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Friday, October 11, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Леб со маслинки

    Рецепт: Леб со маслинки

    petel baner

    Правењето вкусен домашен леб со крцкава кора и мека средина со парчиња маслинки, всушност е многу едноставно.

    Сè што ви е потребно за вкусен медитерански леб со маслинки се вистинските состојки и малку труд.

    Состојки:

    1 кг брашно
    30 гр квасец
    30 гр сол
    20 грама шеќер
    570 мл млака вода
    500-700 гр маслинки
    масло за готвење

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Otkup na kompiri
    Начин на подготовка:

    Со брашното, квасецот, солта, шеќерот и водата замесете тесто.
    Оставете го тестото да стаса околу 40 минути.
    Во меѓувреме исчистете ги маслинките од семките и секоја маслинка исецкајте ја на неколку дела.
    Исцедете ги маслинките и ставете ги во посебен сад.
    Со рака истегнете го тестото и ставете го во подмачкан со масло за готвење сад за печење.
    Врз него нанесете ги сецканите маслинки. По желба можете да додадете и зденки или рендар кашкавал.
    Преклопете го тестото и повторно оптегнете го во истиот сад за печење. Внимавајте тестото да не се скине или да не маслинките да не го пробијат тестото.
    Оставете го тестото да стаса дополнителни 20 минути.
    Лебот се пече максимум 40 минути на температура од 180 степени.
    Десетина минути пред да го извадиме од печење, одозгора премачкуваме со масло, маргарин или путер. Врз кората ставаме непечени семки од тиква, сончоглед, соја и ленено семе.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img