Наоѓањето место за паркирање може да биде вистинска болка, што ја отвора вратата за неверојатни ситуации. На земјоделец од Хрватска толку “му пукнал филмот” од ароганцијата на луѓето што се решил на одмазда. Неговиот потег бил толку креативен – што видеото го објавиле светските медиуми.
Британскиот медиум The Sun неодамна објави видео и приказна за загрепски фармер кој во 2015 година нашол начин да ги спречи бројните посетители на блискиот пазар да не паркираат на неговата земја, пренесува Блиц.
Неговата нива се наоѓа на самиот раб на популарниот пазар Хрелиќ во Хрватска, а на сите им било најлесно да го остават својот автомобил токму таму кога одат на пазарење. Фармерот со месеци молел, ги предупредувал да не паркираат таму, поставувал табли, се расправал… а потоа „пукнал филмот“.
Во моментот кога на теренот имало педесетина автомобили, тој го зел тракторот, го изорал најголемиот дел од земјата и тоа го направил така што никој веќе не можел да се оддалечи од таму.
Возачите повикале полиција, но залудно, бидејќи земјоделецот не згрешил – си ја изорал земјата. Полицијата дошла, но само за да им помогне на луѓето некако да ги извлечат автомобилите од изораната земја. На крајот, самиот фармер се нафатил да им помогне.
Оваа одмазда е толку креативна што ја пренесоа и неколку светски медиуми.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK