На јазикот на цвеќињата спатифил значи „Јас ќе те штитам“. Ова симболично значење потекнува од обликот на неговиот завиен и заштитен цвет.
Подарување на спатифилум е знак на симпатија и наклонетост, а белата боја симболизира чистина и мирољубие.
Исто така ова растение е познато како Женска среќа од причина што постоело верување дека му носи среќа на оној кој го има. За младите немажени девојки се верувало дека ќе имаат среќа во љубовниот живот, а за мажените се верувало дека ќе добијат принова во семејството.
Спатифилиумот спаѓа во групата на растенија кои се природни прочистувачи на воздухот.
Цветот на ова прекрасно растение е бел, нежен и елегантен и се издвојува меѓу масивните тропски зелени листови на spathiphyllum. За да цвета, важно е растението редовно да го пресадувате. Доколку не се пресадува редовно, речиси секоја година „женската среќа“ старее и престанува да цвета. Возрасното растение мора да се пресади со делење на корените.
За да може растението обилно да цвета, при пресадувањето му е потребна нова, свежа хранлива почва со биохумус. Старото земјиште не обезбедува соодветна количина на корисни елементи кои се неопходни за обилно цветање.
„Женска среќа“ сака многу силно осветлување. Најдоброто место за поставување саксија со спатифилум е на или во близина на прозорецот. Пожелно е тоа да биде јужната или источната страна.
Не го засадувајте во големо саксија, бидејќи коренот сака да биде „набиен“. Ова е растение кое сака влага. Ако воздухот во просторијата е сув, ќе потроши многу енергија за да преживее, а нема да избие за цветот. Затоа погрижете се да има доволно влажност во просторијата.
И конечно, неопходната состојка е љубовта. Негувајте ја „женската среќа“ со многу љубов и таа сигурно ќе ви подари магичен бел цвет.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK