Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЧај од цикорија за прочистување на оргазизмот

    Чај од цикорија за прочистување на оргазизмот

    petel baner

    Цикорија е повеќегодишно растение кое цвета од јули со септември, а почнува да зрее во август. 

    Цикорија е здрава и корисна од нејзиниот корен па до цветовите и наоѓа широка примена како лек во народната медицина.

    Постојат докази дека чајот од цикорија помага во смирување на воспалителните процеси, подобрување на здравјето на цревата и намалување на шеќерот во крвта.

    Otkup na kompiri

    Покрај тоа, цикоријата е одличен извор на пробиотични влакна – инулин кој е препознаен како состојка која го поттикнува губењето на тежината, а богата е со манган и витамин Б6.

    Коренот на цикоријата не содржи скроб, туку инулин, што го прави погоден и за исхрана на дијабетичарите. Затоа што не делува на зголемувањето на нивото на шеќерот во крвта. Всушност, коренот на цикоријата е и повеќе од тоа. Тој го поттикнува метаболизмот и со оглед на тоа што има хипогликемиско влијание. Тој е двојно полезен за оние кои имаат полесен облик на дијабетис.

    agrounik
    Чај од корен на цикорија

    Се подготвува така што ½ лажички сув корен се вари во 2 дл. вода, на тивок оган, од 5-8 минути. Потоа се трга од огнот и по 15 минути се процедува. Се пијат од 3 до 4 вакви филџани во текот на денот.

    Чај од цветови цикорија

    Се подготвува така што 1 лажичка суви цветови се прелеваат со 2 дл. врела вода и по 2 часа се процедува. Се пие два пати по 1 дл. дневно. Цикоријата во овој облик делува смирувачки на нервниот систем, ја ублажува несоницата, го забавува чукањето на срцето. Но не смеат да го пијат трудници, поради тоа што ја зголемува амплитудата на трудовите, односно може да доведе до предвремен породување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За крај,секој кој ќе се одлучи за кафе од цикорија, ќе одбере одличен начин за елиминирање или барем за намалување на внесувањето на кофеинот. Паралелно со тоа, добрата стара цикорија е и одличен прочистувач на крвта.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img