Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

25.8 C
Skopje
Wednesday, October 2, 2024

More
    домаАгро ВестиЈавен повик за мерка „Бизнис план“: Поддршка до 10.000 евра по корисник

    Јавен повик за мерка „Бизнис план“: Поддршка до 10.000 евра по корисник

    petel baner

    Објавен е првиот јавен повик за нова мерка во земјоделството мерка „Инвестиции во модернизација на земјоделските стопанствa“.

    Оваа мерка, популарно наречена мерка „Бизнис план“ од Програмата за рурален развој е воведена за прв пат како дел од најголемата земјоделска реформа.

    Оваа мерка е креирана, како што рече министерот за земјоделство, за да ги поддржи вистинските земјоделци. А тоа се индивидуалните земјоделци и правни лица чија основна дејност е земјоделското производство.

    Otkup na kompiri

    -Јавниот повик кој го објавивме е прв во низата повици за Бизнис план, кои континуирано ќе се реобјавуваат секој месец до крајот на годинава. Земјоделците ќе можат да аплицираат тогаш самите ќе бидат подготвени, без да чекаат и да го модeрнизираат производството со нова опрема, за која што самите ќе одлучат дека им е најпотребна.

    Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник. Истите можат да се искористат за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси. Опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло. Опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација. Машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка. Опрема за производство на тутун, како и набавка на хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство, додаде Николовски.

    agrounik
    Финансирањето ќе се врши врз основа на склучен Договор за одобрена инвестиција.

    А исплатата ќе се врши по целосна реализација на инвестицијата. По принцип на ко-финансирање во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

    Но, ставката на ко-финансирање во одредени случаи ќе биде и поголема од 50% и тоа: 55%, за инвестиции поднесени од млад земјоделец на возраст од 18-40 години. 60% за инвестиции во подрачје со ограничени можности. 65% за инвестиции за млад земјоделец во подрачје со ограничени можности и 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сите потребни информации и документи се достапни на веб страните на Министерството и Платежната агенција. А дополнително сите подрачни единици на министерството и на АПРЗ се отворени за помош при аплицирањето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img