Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Салата од модар патлиџан

    Рецепт: Салата од модар патлиџан

    petel baner

    Модриот патлиџан се подготвува на многу начини, а вкусен е и за салата.

    Модриот патлиџан може да се сретне во речиси секоја форма – полнет со различни состојки, во мусака, манџи, салати и ред други јадења.

    Потребни состојки:

    Otkup na kompiri
    • 3-4 модри средно големи модри патлиџани
    • 2-3 китки младо кромидче (може и обичен кромид)
    • 1-2 домати, испасирани
    • 4-5 чешниња лук, ситно исецкани
    • Малку маслиново масло и балсамико оцет
    • Сол, црн бибер и малку свеж магдонос

    Начин на подготовка:

    Излупете ги модрите патлиџани и исецкајте ги на малку подебели парчиња.

    На тавче за печење ставете хартија за печење, пропрскајте ја со масло и потоа ставете ги парчињата модар патлиџан во неа.

    Печете на околу 210℃, 20 минути, додека патлиџанот фино не зарумени и омекне

    agrounik

    Во поголем сад, ставете ги исецканите млади кромидчиња, лук и домат. Пропрскајте со малку балсамико оцет, маслиново масло и зачинете со сол, бибер и малку магдонос.

    Испечените модри патлиџани ставете ги во сад и постепено редете и преливајте ги со сосот од домати, лук и кромид. Редете ги кришките модар патлиџан додека не ги потрошите или додека сосот од домати не се потроши.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сервирајте со кришка интегрален леб и изрендајте малку бело сирење врз салатата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img