домаАгро ВестиНема да продолжи мерката за авионско засејување на облаците

Нема да продолжи мерката за авионско засејување на облаците

Pneumatik baner

Мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина.

Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

-Ги известувам земјоделците и пошироката јавност во Република Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи. Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 та година. Со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар. Тоа е една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни, објаснува Управата.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

УХМР уредно спровела постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.

petel baner

-Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира. Повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, преку нашата веб страница и медиумите, редовно ќе известуваме за временските услови. И навреме ќе алармираме за можни временски непогоди. Со цел земјоделците навремено да преземат мерки за заштита, истакнува УХМР. 

За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img