домаАгро ВестиФранцуската влада би можела да ја оданочи прехранбената индустрија поради високите цени

Француската влада би можела да ја оданочи прехранбената индустрија поради високите цени

Prokredit baner

Француската влада би можела да ја оданочи прехранбената индустрија доколку нејзините претставници одбијат да преговараат за намалување на цените.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека производителите на храна остваруваат големи профити и треба повторно да преговараат со трговците на мало, објави Ројтерс.

Семенарна хоризонтален банер

Цените на храната пораснаа во Франција бидејќи претставниците на прехранбената и малопродажната индустрија се договорија за просечно зголемување на цената од 10 отсто во март.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Тогаш двете страни се согласија дека поскапувањето на храната е неопходно поради зголемените трошоци за производство.

– Доколку производителите на храна не се вратат на преговорите, ќе ги искористиме сите мерки што ни стојат на располагање, вклучително и даноците, за враќање на неправедно стекнатите профити платени од потрошувачите – рече Ле Мер.

Цените на храната во Франција се зголемени за 14,9 отсто во април во однос на истиот месец лани, соопшти францускиот национален институт за статистика и економија „ИНСЕЕ“.

Petel.mk

Француската влада е незадоволна бидејќи цените на храната се уште се високи и покрај намалените цени на суровините што се користат во производството, наведува Ројтерс.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img